Oktaj Omeragikj
16 Август 2022•Ажурирај: 17 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 24 часа во земјата е спроведено тестирање на 1.593 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 590 биле позитивни на коронавирусот. Од вкупниот број позитивни (590), 142 се реинфекции. Вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза од почетокот на пандемијата во земјата достигна 336.041, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатото деноноќие пријавени се 2 починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19. Досега поради коронавирусот во земјата животот го загубија 9.426 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 583 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега оздравени изнесува 323.051.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 3.564.
Министерството за здравство информира дека досега во земјата се направени вкупно 2.137.986 тестирања на примероци сомнителни на Ковид-19.