Zylfije Adem Jakupi
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово во последните 24 часа се регистрирани 288 позитивни лица на Ковид-19 од 2.303 тестирани примероци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Косово, 5 лица починаа од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19).
Од февруари досега во Косово се тестирани 242.999 лица, од кои 61.404 биле позитивни на коронавирусот. Од последици на Ковид-19 починаа вкупно 1.514 заразени.
Во последните 24 часа во Косово оздравеа 214 лица. Од почетокот на епидемијата до денес оздравеа вкупно 53.231 лица. Во земјата се активни 6.659 случаи на заразеност со Ковид-19.