Zylfije Adem Jakupi
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово се тестирани 2.615 лица, од кои 245 биле позитивни на коронавирусот, додека животот го загубија 3 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од почетокот на заразата со Ковид-19 во Косово досега се тестирани 238.339 лица, од кои 60.745 биле позитивни. Од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубија 1.506 лица.
Во последните 24 часа оздравеа 189 лица кај кои бил детектиран коронавирусот, вкупно 52.810 од почетокот на епидемијата во оваа земја. Во моментов во Косово се активни 6.429 случаи на заразеност со Ковид-19.