Zylfije Adem Jakupi
28 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово од Ковид-19 во изминатите 24 часа почина уште едно лице, со што бројот на смртни случаи достигна 22, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот Институт за јавно здравје на Косово соопшти дека на Инфективната клиника починал 53-годишен маж кај кого Ковид-19 е потврден на 27.4.2020 година. Пациентот бил хоспитализиран истиот ден на Инфективната клиника во тешка состојба, а имал и други придружни болести.
Во последните 24 часа, тестирани се 226 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 17 биле позитивни и сите се случаи на контакти со веќе заразените.
Од почетокот на епидемијата во Косово тестирани се вкупно 6.705 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 780 беа позитивни, со 22 смртни случаја.
Во изминатите 24 часа излекувани се 35 пациенти, така што бројот на излекувани лица се зголеми на 201.