Furkan Naci Top
19 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
АТИНА (АА) - Се урна воен хеликоптер на грчките воздухопловни сили. Во несреќата загинаа четворица војници, а спасениот војник е повреден, јавува Anadolu Agency (AA)
Според соопштението на Генералштабот на грчката армија, во хеликоптер од типот „Huey UH-1H“ се наоѓале 5 војници, од кои тројца членови на екипажот, а урнатото летало било пронајдено во областа на гратчето Еласона, кое се наоѓа во северниот регион на земјата.
Според соопштението, четири лица го загубиле животот во урнатиот хеликоптер, а причината на несреќата сѐ уште не се знае. Спасената жена-војник е повредена, но е надвор од животна опасност.
Хеликоптерот полетал од градот Лариса кон Кожани, за рутинска гранична патрола.
Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, прогласи тридневна жалост поради несреќата.