Балкан

Во Грција епидемија на грип

Во последната недела починале 18 лица што се лекувале на одделите за интензивна нега во болниците.

Mehmet Hatipoğlu  | 15.02.2019 - Обновена : 16.02.2019
Во Грција епидемија на грип

Gümülcine

АТИНА (АА) – Во Грција, во последните 3 месеци, 56 лица починаа од епидемијата на грип предизвикана од вирусот Х1Н1, јавува Anadolu Agency (AA).

Во изјавата на Грчкиот центар за контрола и превенција на болести (KEELPNO) се истакнува дека во последниве денови е забележан сериозен пораст на бројот на пациенти примени во здравствените центри поради грип. Во последната недела починале 18 лица што се лекувале на одделите за интензивна нега во болниците.

Во изјавата се нагласува дека од епидемијата на грип предизвикана од вирусот Х1Н1 во последните 3 месеци, 56 лица ги загубиле своите животи.

Во изјавата, исто така, се истакнува дека од вирусот Х1Н1 биле заразени 226 лица, и дека 40 лица се лекуваат во одделите за интензивна нега во здравствените центри.

Властите, истакнувајќи дека вирусот Х1Н1 е во процес на ширење, упатија повик до јавноста за вакцинирање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın