Dejan Maksimovic
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа потврдени се 229 нови случаи на коронавирусот, покажуваат податоците објавени денес од ентитетите и од дистриктот Брчко, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според податоците на Федералниот завод за јавно здравство, во изминатите 24 часа во Федерацијата БиХ биле тестирани 989 примероци од кои 162 биле позитивни на Ковид-19.
Во Федерацијата БиХ досега се тестирани вкупно 83.705 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 6.105 лица. Заклучно со денес, во Федерацијата излекувани се 2.997 пациенти, од кои 249 во изминатите 24 часа. Во моментот има 2.977 активни случаи на Ковид-19. Досега се регистрирани 131 смртен случај. Во изминатите 24 часа од вирусот починале две лица.
Кризниот штаб на Федералното министерство за здравство препорачува жителите на Федерацијата БиХ да избегнуваат јавни собири и да го ограничат движењето заради влошената епидемиолошка состојба во земјата.
Претходно, од Институтот за јавно здравство на Република Српска објавија дека во тој ентитет во последните 24 часа регистрирани се 66 нови случаи на Ковид-19, од тестирани 381 лице. Во дистриктот Брчко денес е потврден еден случај на вирусот.