Балкан, Коронавирус

Во БиХ 295 новозаразени со Ковид-19, починаа 48 лица

Во Федерацијата Босна и Херцеговина регистрирани се 153, во Република Српска 110, а во дистриктот Брчко 32 случаи на зараза со Ковид-19

Aldijana Hadzic  | 11.05.2021 - Обновена : 12.05.2021
Во БиХ 295 новозаразени со Ковид-19, починаа 48 лица

САРАЕВО

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина детектирани се 295 случаи на зараза со новиот тип коронавирус (Ковид-19) и 48 смртни случаи поради инфекција со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изминатите 24 часа во Заводот за јавно здравство на БиХ пријавени се 2.012 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 153 биле позитивни на коронавирусот.

Досега се тестирани вкупно 645.894 примероци, при што кај 132.131 е утврдено присуство на Ковид-19.

Заклучно со денешниот датум, во Федерацијата БиХ оздравеа 118.352 заразени, од кои 566 само во последните 24 часа.

Во изминатите 24 часа во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се 24 смртни случаи поради Ковид-19, вкупно 5.080 од почетокот на епидемијата досега.

Од Заводот напоменуваат дека податоците не се комплетни поради непотполните извештаи на приватните лаборатории.

Во ентитетот Република Српска во последното деноноќие тестирани се 769 примероци, од кои Ковид-19 е детектиран кај 110 лица.

Институтот за јавно здравство на Република Српска информираше дека во последните 24 часа се пријавени 23 смртни случаи кај кои е потврдено присуството на коронавирусот.

Досега во Република Српска потврдени се 62.886 случаи на коронавирусот, од кои животот го загубија 3.523 лица позитивни на Ковид-19.

Институтот за јавно здравство на РС напомена дека на 10 мај 2021 дополнително се пријавени два смртни случаи што се случиле претходните неколку дена.

Во РС од коронавирусот досега оздравеа 43.527 лица, а тестирани се вкупно 264.645 примероци сомнителни на Ковид-19.

Во дистриктот Брчко регистрирани се 32 новозаразени со Ковид-19, а животот го загуби едно лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın