Tufan Aktaş
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, на африканскиот континент ја надмина бројката од 22.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести, во последните 24 часа на овој континент се откриени приближно 1.200 нови случаи, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 22.275.
Во Африка бројот на починати во последните 24 часа е зголемен за 64, со што вкупната бројка е искачена на 1.119.
Бројот на лица што се излекуваа низ целиот континент се искачи на 5.489.
- Повик за ослободување на затворениците -
Од друга страна, „Амнести интернешнал“, упатувајќи порака до африканските влади, ги предупреди за катастрофата што може да ја предизвика епидемијата во затворите.
Во соопштението се вели дека затворениците во затворите треба да бидат заштитени и дека треба да им се обезбедат хигиенски услови.
Исто така упатен е повик за ослободување на политичките затвореници, старите лица, бремените жени и жените со мали деца.