İhvan Radoykov
31 Март 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
СОФИЈА (АА) - Бугарската влада донесе одлука да прифати околу 50 бегалци од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката беше објавена на официјалната страница на Владата, а се наведува дека одлуката е донесена врз основа на договорот меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ) од март минатата година.
Се истакнува дека претставници од Националната агенцијата за безбедност, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за бегалци ќе ја посетат Турција, каде што ќе ја проверат документацијата на бегалците кои треба да бидат префрлени во нивната земја.
Документацијата на бегалците кои не претставуваат закана за безбедноста на земјата, ќе биде испратена на Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци на гласање.
Бугарија прифати дека ќе пр 1.400 бегалци од различни европски земји и 100 бегалци од Турција. Оваа земја досега од Грција има прифатено 29 бегалци.