Bojana Stojanovic
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
БЕЛГРАД (АА) - Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека нема да ги земе предвид барањата на учесниците во протестот „Еден од пет милиони“, до 13 април да поднесе оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа истакна дека тоа барање за смена го смета за ултиматум, и порача дека не се исплашила ниту од бесилките, ниту од заканите, ниту од моторните пили.
„Ние ја почитуваме демократијата. Србија е општество на пристојни и нормални луѓе и ние никогаш нема да прифатиме никакви ултиматуми на насилници и фашисти. Мојот одговор на тоа барање е не. Не мора да чекаат до 13 април, туку може да продолжат да ни се закануваат дека ќе ја блокираат зградата на Владата на Србија или мојата куќа, бидејќи нема да се сложиме на никакви ултиматуми“, рече таа во Крагуевац.
Учесниците во протестите против власта „Еден од пет милиони“ во Белград побараа оставки од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, наведувајќи дека доколку не се исполнат овие барања, на 13 април цела Србија ќе дојде во Белград и ќе му порача сè што има на „окупаторскиот режим“.