Балкан, Коронавирус

Босна и Херцеговина: 29 лица починале од Ковид-19 во последното деноноќие

Потврдени се 727 нови случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), додека од последиците од заразување со овој вирус починале 29 лица, говорат податоците на надлежните установи

Aldijana Hadzic, Dejan Maksimovic  | 03.03.2021 - Обновена : 03.03.2021
Босна и Херцеговина: 29 лица починале од Ковид-19 во последното деноноќие

САРАЕВО

Во Босна и Херцеговина во последното деноноќие потврдени се 727 нови случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), додека од последиците од заразување со овој вирус починале 29 лица, говорат податоците на надлежните установи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изминатите 24 часа, во ентитетот Федерација Босна и Херцеговина (ФБиХ), Ковид-19 е потврден кај 473 лица, а пријавен е 21 смртен случај.

Во изминатите 24 часа во ентитетот Федерација на Босна и Херцеговина (ФБиХ) заразувањето со новиот тип на коронавирусот потврдено е кај 473 лица, апријавен е 21 смртен случај.

Досега се тестирани вкупно 453.873 примероци, а коронавирусот е потврден кај 86.202 лица.

Во Федерацијата на БиХ излекувани се 77.369 заразени со Ковид-19. Во изминатите 24 часа оздравеа 136 пациенти. Моментално се активни 6.122 случаи позитивни на Ковид-19.

„Во изминатите 24 часа, во Заводот за јавно здравје на ФБиХ пријавен е 21 нов смртен исход. Со денешниот ден, бројот на смртните исходи на подрачјето на Федерацијата БиХ е 2.711", се истакнува во соопштението.

Во последното деноноќие во босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, извршени се 796 тестирања на Ковид-19, од кои 225 примероци биле позитивни. Во Институтот за јавно здравство на Република Српска пријавени се осум смртни случаи кај кои е потврдено присуство на Ковид-19.

Досега во ентитетот Република Српска регистрирани се 43.477 случаи на Ковид-19, а од последиците од овој вирус починале 2.257 лица.

Во Република Српска досега оздравиле 36.291 лица, а тестирани се вкупно 202.067.

Од Штабот за заштита и спасување на Брчко дистриктот објавија дека во последите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın