Vesna Besic
14 Октомври 2024•Ажурирај: 15 Октомври 2024
САРАЕВО (АА) - Во Долна Јабланица е пронајдено телото на последната исчезната жртва во разорните поплави по која се трагаше, за Агенција Анадолу потврди Сабахудин Спаховиќ од Федералната управа за цивилна заштита (ФУЦЗ), известува Анадолу.
Според него, тоа е последната жртва на подрачјето на Долна Јабланица по која се трагаше и чие исчезнување е пријавено.
Тој потврди дека сѐ уште се трага по уште едно лице во месноста Бутуровиќ Поље во Општина Коњиц.
Во поплавите и свлечиштата што се случија во Босна и Херцеговина пред десет дена загинаа најмалку 26 лица, 19 во областа Јабланица, четири во Коњиц и три во Фојница.