Dejan Maksimovic
07 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
САРАЕВО (АА) - Според најновите податоци на Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина (БиХ), до денес до 13 часот, од почетокот на епидемијата во земјата потврдени се 5.621 случај на коронавирусот, Ковид-19, а оздравеле 2.693 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Досега од вирусот починаа 207 лица, а за Ковид-19 во земјата досега тестирани се 102.715 лица.
Во ентитетот Федерација Босна и Херцеговина, коронавирусот е потврден кај 2.891 лице, а извршени се 62.183 тестирања. Починаа 68 лица, а се излекуваа 1.271.
Во ентитетот Република Српска, Ковид-19 е потврден кај 2.692 лица, од тестирани 39.296. Досега починале 134 лица, додека 1.402 се излекувани.
Во Дистриктот Брчко со коронавирусот заразени се 38 лица, а тестирани се вкупно 1.236. Петмина починале, додека 20 се излекувани.