Zlatan Kapic
15 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
САРАЕВО (АА) - Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, одбија денес во Сараево да се состанат со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, јавува Агенција Анадолија (АА).
БиХ: Џаферовиќ и Комшиќ за причините за одбивањето на средбата со Лавров
Лавров денес во Сараево беше примен од претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
Во рамките на дводневната официјална посета на БиХ, Лавров денес ќе се состане и со министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ.
Шефот на руската дипломатија синоќа се состана и со заменик-претседавачот на Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ, Драган Човиќ.
Лавров се состана со претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Во просторијата беа поставени само знамиња на босанскиот ентитет Република Српска и на Руската Федерација, без државното знаме на БиХ. Лавров по состанокот повика на зачувување на Дејтонскиот договор, воедно повикувајќи на укинување на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ (ОХР).