Балкан, Коронавирус

БИХ: Ковид-19 причина за смртта на 50 лица, регистрирани 1.129 новозаразени

- Во Босна и Херцеговина починаа 50 лица од последиците предизвикани поради заразеност со коронавирусот во изминатите 24 часа, а регистрирани се 1.129 новозаразени

Bojana Stojanovic  | 11.04.2021 - Обновена : 12.04.2021
БИХ: Ковид-19 причина за смртта на 50 лица, регистрирани 1.129 новозаразени

САРАЕВО

Во Босна и Херцеговина починаа 50 лица од последиците предизвикани поради заразеност со коронавирусот во изминатите 24 часа, а регистрирани се 1.129 новозаразени, известува Агенција Анадолија (АА).

Во изминатите 24 часа во Заводот за јавно здравство на Федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ) пријавени се 3.071 примерок сомнителен на новиот тип коронавирус (Ковид-19), од кои 1.008 се позитивни. Нови случаи на зараза со коронавирусот се детектирани во сите кантони на Федерацијата БиХ. Досега во оваа земја е спроведено тестирање на 582.644 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои кај 121.176 е потврден коронавирусот.

Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата БиХ оздравеле 97.265 лица позитивни на Ковид-19, од кои 295 во изминатите 24 часа. Во моментов во земјата се активни се 19.706 случаи на зараза со коронавирус.

Во изминатите 24 часа во Заводот за јавно здравство на ФБиХ пријавени се 21 смртен случај поврзани со заразеност со коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на починати на подрачјето на Федерацијата БиХ на 4.205.

Во босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска детектирани се 111 новозаразени од тестирани 631 примерок сомнителни на Ковид-19.

Во последните 24 часа, Институтот за јавно здравство на РС пријави 26 смртни случаи кај кои е потврдено присуството на коронавирус.

Досега во РС се потврдени 57.546 случаи на зараза со Ковид-19, а од последиците на зараза со вирусот животот го загубија вкупно 2.963 лица. Од почетокот на епидемијата досега во РС оздравеа 39.772 лица, а тестирани се вкупно 243.502 примероци сомнителни на коронавирус.

Вкупниот број на хоспитализирани во РС изнесува 1.399, од кои 115 лица се на респиратор.

Во дистриктот Брчко на БиХ регистрирани се 10 нови случаи на зараза со Ковид-19 од тестирани 17 примероци. Од последиците на заразата со Ковид-19 починаа 3 лица, а оздравеа 101.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın