Furkan Abdula
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Публицистката Аниса Бахити од Албанија истакна дека за случувањата во повеќе места во светот се обвинува турскиот претседател Ердоган и дека „сметката на секој внатрешен или надворешен неуспех на Европа му се наплатува на Ердоган", пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бахити на нејзиниот фејсбук-профил објави статија под наслов „Европа не е вина на Ердоган“, во која реагираше против ставот на Европа кон Ердоган, додека со пофалби зборуваше за Турција и за турскиот претседател.
- „Сметката на секој неуспех на Европа му се наплатува на Ердоган“
Бахити рече дека во Европа и на европските медиуми веќе извесно време започнала голема хистерија против Ердоган.
„Тој (Ердоган) се обвинува за сите случувања од Либија до Јемен, од Медитеранот до Ерменија, од Сирија до Грција, од Кипар до Либан и од Холандија до Франција. Сметката на секој внатрешен или надворешен неуспех на Европа му се наплатува на Ердоган“, нагласи Бахити.
Таа истакна дека иако еден криминалец ќе тргне од Тунис, па ќе се засолни кај италијанските власти, а потоа во францускиот град Ница ќе убие невини луѓе, темата за дискусија на јавноста ќе биде „Ердоган и неговиот панисламизам“.
Бахити во нејзината сттија го упати следното прашање: „Но која е вистината“, и додаде:
„Ердоган за 18 години ја претвори Турција од земја што беше во длабока криза, во земја која е меѓу десетте економски и политички сили во светот. Тој го подобри животот на Турците за десет пати и на турската младост ѝ понуди живот, надеж и бизнис, а воениот, политички и стратешки авторитет на Турција го позиционираше токму таму каде што припаѓа.“
- „Не ли е веќе време ЕУ да ја види вината кај себе?“
Според неа, Турција е најголемата регионална сила во Јужниот Медитеран и Црното Море, и оваа земја е претворена во суперсила од економски, туристички и воен аспект.
„Но, во политичкиот дискурс на земјите членки на ЕУ, сметката за секој нивен внатрешен неуспех ѝ се наплатува на моќта на Ердоган. Тоа се случува во Холандија, Германија, Франција, Грција, Италија и другите“, рече Бахити.
Таа истакна дека во периодот од 2014 до 2015 година, ЕУ едвај прими 1 милион мигранти, додека Турција со години засолнува 5 милиони мигранти во земјата.
„Оваа состојба толку е нелогична што дури и тие што не го поддржуваат Ердоган или неговиот доктрински, религиски пристап, кој го покажува кога забележува дека сметката за секоја мамка и секој неуспех му се наплатува нему, ги тера да помислат „Не ли е веќе време ЕУ да ја види вината кај себе, а не кај Турција на Ердоган?“, додава албанската публицистка, Аниса Бахити.