Fatjon Cuka
08 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
На протестот организиран пред седиштето на Демократската партија на Албанија (ПД), во албанскиот главен град Тирана, настанаа тензии откако демонстрантите ги оштетија прозорците и вратите и влегоа во зградата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестот е организиран со повикот на поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, со цел, како што рече тој, спроведување на одлуката на Комисијата за реосновање на ПД, со која, според Бериша, претседателот на ПД, Љуљзим Баша, е разрешен на Националниот совет на партијата и потоа на гласањето за членство.
Демонстрантите кои бараат Баша да ја напушти својата функција во партијата, ги скршија прозорците и надворешните врати на седиштето на ПД, а дел од нив влегоа и внатре во седиштето.
Меѓу другото, демонстрантите тврдат дека врз нив е интервенирано со солзавец и дека има повредени лица за време на протестот.
По одлуката на САД за прогласување на Бериша за непожелна личност за влегување во САД, започнаа несогласувања во партијата.
По оваа одлука, претседателот на ПД, Љуљзим Баша, донесе одлука да го оддалечи Бериша од парламентарната група на неговата партија, а оваа одлука предизвика несогласувања во ПД, каде што дојде до групации во полза на Бериша и против него.