Husamedin Gina
30 Декември 2020•Ажурирај: 01 Јануари 2021
СКОПЈЕ
АД Пошта на Северна Македонија Скопје и АД „Халк банка“ Скопје денеска потпишаа Договор за соработка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Договорите ги потпишаа генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули и главниот извршен директор на АД „Халк банка“ Скопје, Билал Суџубаши.
Веднаш по потпишувањето на договорите, Суџубаши и Макрадули дадоа изјава за медиумите.
Суџубаши истакна дека се среќни што имаат можност да соработуваат со АД Пошта на Северна Македонија, една еминентна и историска институција на оваа земја што се однесува до платниот промет.
„Сметаме дека една институција како што е Македонска пошта која е претставена во скоро сите најдалечни точки на оваа земја, во соработка со еден моќен бренд како што е АД „Халк банка“ Скопје, ќе може да дава многу подобри, многу поквалитетни и услуги под поповолни услови“, нагласи Билал Суџубаши.
Наведувајќи дека ја користи оваа можност да упати благодарност до Владата и до АД Пошта на Северна Македонија, кои ја прифатија понудата на „Халк банка“ и ја избраа како партнер, Суџубаши потсети дека АД „Халк банка“ Скопје веќе деветта година дава услуги на физичките и правните лица и се наоѓа меѓу четирите најзначајни банки во земјата.
Суџубаши исто така истакна дека со 43 филијали и со компанијата „Халк осигурување“ се обидуваат да придонесат на финансискиот сектор на Северна Македонија.
Меѓу другото, Суџубаши, нагласувајќи дека зад АД Пошта на Северна Македонија стои една моќна поддршка и еден моќен извор како што е „Халк банка“ - Турција, рече дека профитот е секако меѓу нивните приоритети, но нивниот основен приоритет е на граѓаните на земјата да им се даваат услуги на една поширока платформа.
Генералниот директор на АД Пошта на Северна Македонија, Јани Макрадули, истакна дека Договорот со АД „Халк банка“ Скопје е потпишан на 15 години.
„Компанијата „Халк“ има едно мото „Граѓаните се важни, луѓето се важни“; ние исто така имаме многу слично мото со новата кампања што ја започнавме, а тоа е да ја вратиме пошта меѓу граѓаните“, нагласи директорот Макрадули.
Наведувајќи дека овој договор значи чекор до финансиско стабилизирање на компанијата, Макрадули рече дека ова финансиско заздравување ќе даде можност да се посветат на основните приоритети, а тоа е да се подобрат поштенските услуги.
Одговарајќи на новинарско прашање, Макрадули рече дека „Халк банка“ е целосно подготвена да ја започне работата за два месеци и дека „Халк банка“ понудила најдобри услови, далеку подобри во однос на другите банки кои аплицирале.
Владата на 7. овој месец ја прифати како најповолна понудата на АД „Халк банка“ Скопје за соработка со АД Пошта, согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од два месеци, како и во однос на процентот на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за Пошта на Северна Македонија“ со 29 отсто за „Халк банка“ Скопје.