Bojana Stojanovic
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
БЕЛГРАД
Министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Зорана Михајловиќ, денес изјави дека идејата за зелените коридори, која произлезе од земјите членки на ЦЕФТА, Европската Унија и Западен Балкан, треба да придонесе за побрзо и поефикасно преминување на границите, со оглед на тоа дека се чека со часови, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Владата на Србија минатата недела ја усвои одлуката за зелени коридори и тргнуваме со имплементација. Во прашање е посебен систем и режим за да сè неопходно на граничните премини се извршува на најбрз и најефикасен начин. Ние тоа веќе го испробавме во време на вонредната состојба кога е во прашање меѓународниот транспорт“, рече таа во текот на посетата на работите на државниот пат Кула - Врбас.
Министерката Михајловиќ истакна дека чекањата на границите чинат многу - и време и пари.
„Годишно на граничните премини се чека 27 милиони часови. Тоа земјите од Западен Балкан ги чини 300 милиони евра. Очекуваме брза имплементација на оваа одлука кон Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а го започнавме и прашањето за зелените коридори со земјите од ЕУ. За месец, два, можеме да очекуваме резултати, бидејќи ова прашање е важно за економијата и стопанскиот развој“, наведе министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија.