Mümin Altaş
13 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Заменик претседателот на Турција, Фуат Октај на приемот по повод Денот на незавсност на Македонија го кажа следното: „Терористичката организација ФЕТО не е закана само за Турција, туку тое е организација која претставува закана за безбедноста и територијалниот интегритет на сите држави од овие простори, вклучувајќи ја и Македонија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик претседателот на Турција Октај учествуваше на приемот што во хотел Шератон во Анкара го организираше амбасадорот на Република Македонија во Турција, Звонко Муцунски, по повод Денот на независноста на Македонија.
Фуат Октај, во своето обраќање пред гостите на приемот истакна дека врските меѓу Турција и Македонија имаат особено место, поради историските и културните врски и постоечкото сонародништво.
Изразувајќи го своето убедување дека во периодот што престои Турција и Македонија на регионалните и меѓународни платформи, ќе ја донесат на уште повисоко ниво веќе постоечките извонредни врски, Октај потсети дека Турција е првата земја којашто ја призна Македонија.
Истакнувајќи дека Турција е првата земја што испрати свој амбасадор во Македонија, заменик претседастелот на Турција Октај рече: „Турската заедница во Македонија и жителите на Турција кои потекнуваат од Македонија, имаат улога на мост меѓу нашите две земји, давајќи голем придонес за политичкиот, економскиот и културниот живот во нашите земји“.
Октај информираше дека од 1992 година досега, 1.069 студенти од Македонија студирале на универзитетите во Турција и имале добиено стипендии од Република Турција. Во исто време, повеќе од 1.300 студенти од Турција студирале на универзитетите во Македонија.
- „Турските инвестиции во Македонија достигнаа вредност од 1,2 милијарди долари“
Октај во своето обраќање истакна дека зголемениот туристички сообраќај меѓу двете земји овозможува развивање на социјалните и културни врски и продолжи со зборовите:
„Во првите 6 месеци од 2018 година, Македонија ја посетиле околу 50.000 туристи од Турција. Освен тоа, верувам дека поседуваме потенцијал за равивање на билатералната економска и трговска соработка. Билатералниот обем на трговија во 2017 година изнесуваше околу половина милијарда долари. Многу сме задоволни што може да се забележи дека постои волја и решеност кај нашите македонски колеги, оваа бројка да се подигне на уште повисоко ниво. Благодарение на нашите зеднички напори, во последните 10 години постои голем раст на турските инвестици во Македонија и во моментов, инвестициите на големите капитални туски компании достигна вредност од 1,2 милијарди долари. Во 2012 година во Македонија започна да работи Халкбанк, која во моментов е четврта по големина банка во Македонија. Продолжуваме со нашите стимулации за инвестирање во Македонија од страна на уште поголем број турски инвеститори. Од друга страна, во Турција со капитал од 10 милиони долари делуваат 150 македонски фирми.“
Октај истакна дека благодарение на ТИКА и Турскиот културен центар - Институтот „Јунус Емре", покрај зачувувањето на заедничкото културно наследство, овие две организации даваат поддршка и за заштита и реставрација на делата што се дел од богатото културно наследство на Македонија.
Заменик претседателот на Турција Октај, рече дека ТИКА не останува само на тоа, туку го дава својот придонес во голем број проекти за развој на Македонија на полето на здравството, медиумите, образованието, инфраструктурата, стручна обука, производството и транспортот.
Потсетувајќи дека ТИКА досега, со спроведените 650 проекти во Македонија, инвестирала 116 милиони долари како помош за развој, Октај рече дека на иницијатива на Емине Ердоган, сопругата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, ТИКА ги привршува работите околу медицинскиот факултет Мајка Тереза.
- Борба против ФЕТО
Зборувајќи дека безбедноста на Балканот отсекогаш била една од примарните прашања за Турција, Октај го истакна следното:
„Плодниот дијалот меѓу нашите две земји, е од големо значење за безбедноста во нашиот регион. Борбата против тероризмот е еден од тестовите што ни ги донесе 21. век, но доби форма на обид, кој може да биде успешен со меѓународна соработка на државите и институциите. Во тој контекст, веруваме дека благодарение на драгоцената помош што ни ја дава Македонија што е во постојан подем, во периодот што престои ќе биде отстранета терористичката организација ФЕТО, која на 15 јули спроведе крвав обид за државен удар, имајќи ја за цел турската демократија и уставниот поредок во земјата. Во тој крвав пуч, животот го загубија голем број невини граѓани на Турција. Терористичката организација ФЕТО не е закана само за Турција, туку тое е организација која претставува закана за безбедноста и територијалниот интегритет на сите држави од овие простори, вклучувајќи ја и Македонија. Соработката што ќе ја имаме во борбата против оваа предавничка структура, ќе обезбеди значајни придобивки во зачувувањето мирот и стабилноста во регионот.“
Заменик претседателот Октај, во име на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во свое име и во име на турскиот народ, на пријателскиот и братски народ на Македонија му посака најубави желби.