Балкан

„Универзитетот ИБУ претставува бренд во Македонија"

Кон крајот на минатиот месец, проф. д-р Ердем е назначен за нов ректор на ИБУ. За Аnadolu Аgency (AA) новиот ректор зборуваше за работата на Универзитетот и проектите што се планираат.

Dzihat Aliju  | 13.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
„Универзитетот ИБУ претставува бренд во Македонија" (Foto: Vedat Abdul/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - ЏИХАД АЛИУ

Ректорот на Интернационалниот балкански универзитет (ИБУ), проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем, изјави дека Универзитетот ИБУ претставува бренд во Македонија.

Кон крајот на минатиот месец, проф. д-р Ердем е назначен за нов ректор на ИБУ. За Аnadolu Аgency (AA) новиот ректор зборуваше за работата на Универзитетот и проектите што се планираат.

Велејќи дека Универзитетот ИБУ со досегашната работа се стекнал со респектирачко место во регионот, ректорот Ердем истакна дека во периодот што претстои се планираат активности со кои уште повеќе ќе се зголеми признавањето на Универитетот.

Посочувајќи дека не постојат никакви проблеми од аспект на признавањето и истоветноста (еквивалентноста) на дипломите, ректорот Ердем рече дека се планира обезбедување разновидност со студенти од други земји, првенствено од Турција, а потоа и од Далечниот Исток, Азија, Африка, Европа и Америка.

Зборувајќи дека образовниот систем на Универизитетот ИБУ е во многу добра состојба, ректорот Ердем посочи дека со цел да се зголеми квалитетот на наставата, ќе бидат вложени напори на Универзитетот да ги вработат најдобрите научници од Македонија, Турција и Европа.

- „Започнавме со активности да станеме центар за издаваштво на академски списанија“

Истакнувајќи дека за јуни наредната година е планирано организирање голем симпозиум, со кој имаат за цел брендирање на Универзитетот и зголемување на неговото признавање, ректорот Ердем изјави: „Заедно со тоа сакаме да влеземе и во академското издаваштво. Тоа е еден од нашите најзначајни проекти. Започнавме со нашата работа да станеме центар за издаваштво на академски списанија кои ќе бидат скенирани од светски познатите индекси“.

Објаснувајќи дека имаат три стратегии во правецот на брендирањето на Универзитетот ИБУ, ректорот Ердем рече дека целта ќе биде постигната со зголемување на разновидноста на учениците, со донесување на најдобрите научници да бидат предавачи на Универзитетот и со претворање на Универзитетот во центар за научни симпозиуми и академско издаваштво.

Нагласувајќи дека новиот кампус дава голем придонес во сето тоа, ректорот Ердем рече: „Во таа насока, му се заблагодаруваме на почитуваниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за сиот негов труд во отворањето на овој универзитет и формирањето на кампусот“.

Со цел широко распространување на Универзитетот ИБУ и тој да биде добар бренд, ректорот Ердем истакна дека уште повеќе ќе ја зголемат соработката, и во таа насока, посакуваат во живот да ја спроведат идејата за „заедничка диплома“.

- „ИБУ во Македонија дава и економски и образовен придонес“

Зборувајќи дека ИБУ во Македонија има сериозен придонес и од економски и од образовен аспект, ректорот Ердем додаде: „Ако зборуваме за придонесот на полето на образованието, тогаш мораме да го истакнеме следното: ИБУ е институција која дава најдобро образование, институција која е најмногу призната на меѓународно поле и од тој аспект, претставува брендиран универзитет во Македонија“.

Ректорот информираше дека во моментов на Универзитетот следат настава студенти од 20 различни држави, велејќи дека таа разновидност ќе биде зголемена и додаде дека нивна цел е зголемување на придонесот во образованието на Македонија.

Тој информираше дека Одборот на доверители и Одборот на директори на Универзитетот започнале со активностите за отворање на Медицински факултет во рамките на Универзитетот, додавајќи дека идната година се планира отворање на Оддел за медицински сестри и акушерство.

Ректорот Ердем рече дека во претстојната академска година се планира отворање на 5-6 оддели на Факултетот за образование, истакнувајќи дека предводени од фондацијата „Маариф“, имаат за цел задоволување на потребите на Македонија на тоа поле.

Во врска со начинот на студирање, ректорот Ердем истакна дека голем број студенти на Универзитетот ИБУ студираат благодарение на стипендии што им се доделени од страна на голем број институции и организации, и додаде дека во иднина ќе бидат обезбедени повеќе можности за стипендирање од постоечките во моментов.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.