Балкан

„Разочарани сме што ЕУ сѐ уште не ги започнува преговорите со Северна Македонија и Албанија"

„Одложувањето на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија во ЕУ го намалува влијанието на ЕУ во овој регион, како и стабилноста на регионот на Западен Балкан“, се вели во писмото на Вишеградската гурпа

Mehmet Yılmaz  | 17.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
„Разочарани сме што ЕУ сѐ уште не ги започнува преговорите со Северна Македонија и Албанија"

БУДИМПЕШТА (АА) - Земјите членки на Вишеградската група која се состои од Полска, Чешка, Унгарија и Словачка, реагираа против тоа што Европската Унија (ЕУ) сѐ уште не ги започнува преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија поради спротивставувањето на Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Вишеградската група, премиерите на земјите членки на оваа група напишаа писмо до другите лидери на земјите членки на ЕУ.

Лидерите во ова писмо нагласија дека биле разочарани од тоа што ЕУ сѐ уште не ги започнува преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Во писмото се вели дека ЕУ не го исполнила ветувањето дадено претходно на Северна Македонија и Албанија.

„Одложувањето на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија во ЕУ го намалува влијанието на ЕУ во овој регион, како и стабилноста на регионот на Западен Балкан“, се додава во ова писмо.

Според ова писмо, одложувањето на процесот за членство на Северна Македонија и Албанија ќе го намали кредибилитетот на ЕУ.

„Треба да ги исполниме нашите ветувања. Веќе е потребно да донесеме геополитички одлуки“, се истакнува во писмото на Вишеградската група.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.