Ekip
18 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
СКОПЈЕ (АА) - Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, објави дека е разочаран што Советот за општи работи на Еворпската унија (ЕУ) не го исполни определувањето на европскиот блок за отворање на прегворите за пристанување со Северна Македонија и Албанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ова е екстремно разочарување. ЕУ сега мора да објасни колку е сериозна нејзината посветеност за интеграцијата на Западен Балкан. Ова не е момент за славење во ЕУ. Одбивањето на признавањето на докажаниот напредок ќе има негативни последици, вклучувајќи и ризик од дестабилизација на Западен Балкан, со полно влијание на ЕУ. Нашата одговорност сега ќе застане со земјите чии граѓани со право се разочарани до сржта и ќе продолжам да правам се што е во моја моќ да ги поддржам. Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ останува нашата важна стратешка политика и тоа во интерес на двете страни", објави комесарот Хан на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Советот за општи работи, кој го сочинуваат министри за надворешни или европски работи на земјите членки, на состанокот во Луксембрург разговараше за предлогот со Северна Македонија и Албанија да се отворат преговори за пристапување.