Балкан

„Наше уверување е дека Македонија сега интензивно ќе тргне кон евроатлантските интеграции“

„Ние го поддржавме напредокот остварен во Македонија, сега веќе преку уставните измени, со што е верифициран договорот постигнат во еден многу интензивен билатерален процес, и наше уверување е дека Македонија по долгиот застој од 2008 година...“

Adel Omeragic  | 21.01.2019 - Обновена : 22.01.2019
„Наше уверување е дека Македонија сега интензивно ќе тргне кон евроатлантските интеграции“ Adel Omeragic/АА

Podgorica

ПОДГОРИЦА (АА) - „Црна Гора и Албанија имаат квалитетни билатерални односи, а соработката меѓу двете држави е за пример“, е пораката на претседателите на Црна Гора и Албанија, Мило Ѓукановиќ и Илир Мета, од денешната средба во Подгорица, јавува Anadolu Agency (AA).

Илир Мета престојува во официјална посета на Црна Гора, каде што оствари средба со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Двајцата претседатели се согласија дека односите меѓу двете земји се за пример.

„Како што знаете, нашите две земји немаат само квалитетни билатерални односи, и немаме развиена соработка само во рамките на регионот, туку и како членки на НАТО, многу соработуваме и ги извршуваме своите обврски кои произлегуваат од членството во Алијансата“, изјави Ѓукановиќ на прес-конференцијата по состанокот.

Тој рече дека со неговиот колега од Албанија разговарале за понатамошната соработка во регионот.

„Во тој контекст, се согласивме дека нашите земји имаат истакнат интерес да продолжи и успешно да заврши дијалогот меѓу Белград и Приштина, и дека епилогот од тој дијалог мора да биде одржливо решение кое на ниту еден начин нема да ја загрозува стабилноста на нашиот регион. Исто така, ние го поддржавме напредокот остварен во Македонија, сега веќе преку уставните измени, со што е верифициран договорот постигнат во еден многу интензивен билатерален процес, и наше уверување е дека Македонија по долгиот застој од 2008 година сега ќе ја искористи својата нова шанса интензивно да тргне по патот на европска и евроатлантска интеграција, и на тој начин да даде придонес кон стабилноста и подобра перспектива на регионот во кој живееме“, рече Ѓукановиќ.

Албанскиот претседател, Илир Мета, истакна дека е среќен што престојува во посета на Црна Гора.

„Црна Гора веќе две децении е фактор на стабилноста на нашиот регион. Во исто време, Црна Гора е пример за евроатлантска интеграција и соживот. Албанија и Црна Гора ги имаат сите причини и темели врз кои ќе градат заедничка иднина. Нашите односи се за пример“, рече Мета.

Тој порача дека со Ѓукановиќ разговарале за понатамошната интеграција на Албанците во Црна Гора, како и за правата на Црногорците во Албанија.

„Многу сум горд што Албанците во Црна Гора од независноста се неприкосновени во нивната поддршка за евроатланските интеграции на Црна Гора“, рече Мета.

Албанскиот претседател Мета престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.