Балкан

„Му се радуваме на денот кога ќе можеме да соработуваме во ЕУ“

„Ние во Словенија, во Македонија гледаме еден истомисленик за регионалните и глобалните прашања кои се однесуваат на ЕУ и НАТО. Затоа му се радуваме на денот кога ќе можеме да саработуваме во рамки на ЕУ“, рече Жидан.

Bekim Laci  | 25.09.2018 - Обновена : 26.09.2018
„Му се радуваме на денот кога ќе можеме да соработуваме во ЕУ“ (Foto: Vedat Abdul/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Македонија, како од историски, така и од културен, политички и географски аспект, е дел од сојузот на европските нации. Словенија со нетрпение го очекува членството на Македонија во евроатланските структури за да се воспостави блиска соработка, изјави денес во Скопје, претседателот на Парламентот на Словенија, Дејан Жидан, по неговата средба со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, јавува Anadolu Agency (AA).

На заедничката прес-конференција по средбата со Џафери, Жидан изрази задоволство што се наоѓа во Скопје неколку дена пред историскиот датум за Македонија, референдумот на 30 септември, кој отвора нови перспективи за земјата, бидејќи, како што рече тој, ЕУ и НАТО се основни гаранти за безбедноста, стабилноста и заемното признавање на културните вредности на народите.

Жидан нагласи дека членството во овие организации отвора низа можности, побрз економски раст којшто овозможува подобри животни услови и подобар развој во сите сфери во животот.

„Ние во Словенија, во Македонија гледаме еден истомисленик за регионалните и глобалните прашања кои се однесуваат на ЕУ и НАТО. Затоа му се радуваме на денот кога ќе можеме да саработуваме во рамки на ЕУ, каде што заедно ќе ја формираме нашата иднина“, рече Жидан, додавајќи дека Договорот од Преспа ги отвора вратите на НАТО и ЕУ, и дека на македонскиот народ му ги заштитува идентитетот и јазикот.

Жидан ѝ порача на јавноста во земјата дека компромисите понекогаш се болни, но ако тие го нудат најважното, во случајот со Македонија, тоа треба да се прифати, при што упати апел да се искористи овој референдум, бидејќи ја определува судбината и иднината на идните генерации.

Претседателот на Собранието на Македонија, Џафери, нагласи дека доаѓањето на претседателот на словенечкиот Парламент во Скопје, во пресрет на референдумот, ја покажува поддршката на неговата земја.

Џафери истакна дека процесот на Брдо, чиј иницијатор беше Словенија, по членството на Хрватска во ЕУ се претвори во процес Брдо - Бриони, кој има за цел интензивирање на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан.

„Го информирав колегата дека евроатлантската интеграција на Македонија останува висок приоритет на Собранието и Владата, и со реализирање на планот 3-6-9, и со напорите за реализирање на таканаречениот План 18 на Владата, Собранието му останува да го стави својот печат на сиот тој процес“, додаде Џафери.

Потсетуваме, посетата на претседателот на словенечкиот Парламент, Жидан на Скопје е прва негова посета во странство од доаѓањето на оваа функција на 23 август.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.