ТИРАНА (АА) - 28-тo Генерално собрание на Алијансата на новински агенции на Балканот и Југоисточна Европа (АБНА-СЕ) и конференцијата „Медиуми и туризам - идеи и решенија“, организирана во рамките на собранието, собра во албанскиот главен град Тирана официјални претставници и претставници на меѓународни новински агенции од различни земји.
Агенцијата Анадолија (АА) ѝ го предаде следното претседавање со АБНА-СЕ на Албанската телеграфска агенција (АТА). АА ја претставуваа главниот уредник и заменик директор Метин Мутаноглу, директорот за меѓународни операции, Муџахит Мухамед Сојкан, и одговорниот уредник на сервисот за македонски и албански јазик, Аднан Идриз.
Мутаноглу, во своето обраќање пред претставниците на агенциите членки на АБНА-СЕ, истакнувајќи дека група предавнички војници беа причина за загинувањето на 251 граѓанин на 15 јули 2016 година, истакна дека терористичката организација ФЕТО сè уште продолжува со своето влијание во некои балкански држави.
Тој ги предупреди членовите на АБНА-СЕ во врска со ФЕТО.
„Очекуваме чувствителност од нив во врска со оваа точка”, рече Мутаноглу.
Во текот на панелот на конференцијата, Мутаноглу истакна дека на туризмот му се потребни сите средства за комуникација, ставајќи акцент на пренесувањето на оваа порака до граѓаните, и рече дека Агенцијата Анадолија известува во регионот врз принципот на братство, без да се прави разлика помеѓу малцинствата и различните етнички и верни припадности.
Тој посочи дека се свесни за нивната улога како турска меѓународна агенција, додавајќи дека имаат за цел да ги рефлектираат туристичките и културните богатства на Турција преку вести што ги објавуваат на 13 јазици.
„Само од Албанија, АА ја снабдуваше Турција со најмалку 50 вести месечно. Овој број од целиот регион се движи до 200. АА се гледа како поврзувачки мост меѓу Турција и балканските земји. Играме многу важна улога во пренесувањето на пораката на Турција до Балканот, но и обратно. Додека ги промовираме културните, туристичките и историските активности во Турција до луѓето од регионот, ние исто така ги промовираме нивните културни, туристички и историски активности во Турција и низ целиот свет. Исто така го промовираме културното и историското потекло на градовите во регионот”, истакна Мутаноглу.
Тој рече дека активностите на АА се ценети од високи официјални претставници на земјите од регионот каде оваа агенција има канцеларии, како што се во Скопје, Тирана, Белград, Сараево, Приштина, Подгорица, Софија и многу други градови во регионот.
Тој ги претстави книгите „Турција од небото” и „Турските културни богатства“, истакнувајќи дека истото би можеле да го сторат и во балканските земји преку снимање со беспилотни летала.
Мутаноглу соопшти дека АА дизајнирала нова веб-страница за АБНА-СЕ.
На настанот присуствуваа и заменик-претседателката на албанскиот Парламент, Василика Хиси, албанскиот министер без ресор одговорен за заштита на претприемништвото, Едуард Шалси, и претставници на новинските агенции од земјите од Југоисточна Европа.
Во меѓувреме, генералната директорка на Албанската телеграфска агенција (АТА), Армела Красниќи, во своето воведно обраќање на конференцијата рече дека во Албанија се многу фокусирани на туристичкиот сектор, кој, според неа, е еден од секторите со најголем потенцијал.
„На ова генерално собрание на АБНА-СЕ, ќе разговараме за онлајн резервација, што е фантастична иницијатива за целиот регион, Југоисточна Европа и Балканот. Во фокус ги имаме спомениците на културното наследство. Ќе споделиме корисни мисли за кујната или местата каде туризмот брзо расте на некои места”, рече Красниќи.
Заменик претседателката на албанскиот Парламент, Василика Хиси, пофалувајќи ја улогата на странските агенции во промовирањето на Албанија, рече дека законот за туризам нуди многу добра можност да се инвестира во туризмот во Албанија.
„Климата е многу поволна и има растечки атрактивен пазар и луѓето бараат да ја истражуваат и посетат Албанија. Многу важен елемент е населението. Имаме младо население“, истакна Хиси.
news_share_descriptionsubscription_contact
