Од Елем Ејриџа ТЕПЕЏИКЛИОГЛУ
[Авторот е член на факултетот при Универзитетот Јашар во Турција во западната провинција Измир]
ИЗМИР (АА) - За време на основањето на Република Турција, голем дел од африканските земји беа под колонијална власт. За време на тој период, новооснованата република имаше домашни приоритети како економскиот развој и изградба на државата.
Неопходно е да се оцени моменталната стагнација во односите во годините што следуваат во рамките на динамиката во периодот на Студената војна, безбедносните грижи на Турција и сојузничките односи. Во истиот период исто така имаше и некои обиди за зближување со африканските земји, но тие беа краткотрајни.
Напорите на Турција да ги подобри своите односи со африканските земји на крајот од 1960-тите, 1970-тите, па дури и 1990-тите години се совпаѓаат со периодите кога таа се чувствуваше осамено на меѓународно ниво и бараше поддршка за надворешнополитичките потези и алтернативни партнери. Политиката на деколонизација на Африка, усвоена во 1998 година, е најсеопфатна меѓу иницијативите преземени до тоа време. Сепак, оваа политика не е целосно спроведена поради некои политички и економски проблеми.
Односите на Турција со африканските земји добија на интензитет, особено по прогласувањето на 2005 година за „Година на Африка“ и по првиот Самит за соработка на Турција и Африка одржан во 2008 година. Огромното мнозинство од 43-те амбасади беа отворени во годините по овој самит. Помеѓу 2009 и 2014 година, Турција отвори амбасади во 27 африкански земји.
Политиката на Турција кон Африка во овој период имаше некои карактеристики кои ја одвојуваат од претходните периоди. Првата е дека деловните кругови и невладините организации во голема мера се координираат со јавните организации во спроведувањето на африканската политика и делуваат како дополнување на африканското отворање. Втората и можеби поистакната карактеристика е дека политиката на Турција за Африка се заснова на многу различни елементи на мека моќ, како што се трговските односи, хуманитарната помош, дипломатските летови, медиумска дипломатија, едукација и религиозната дипломатија.
Во 2021 година, обемот на трговија на Турција со африканските земји беше на ниво од 25 милијарди долари, а трговските односи имаа потенцијал да достигнат повисоко ниво. Турските компании кои работат на континентот од 1970-тите потпишаа големи проекти, особено во областа на инфраструктурата. Институтот Јунус Емре (YEE), главната институција која спроведува активности за културна дипломатија на Турција, има 10 културни центри во осум африкански земји и овој број се планира да се удвои во 2022 година.
Додека интересот за турската култура и јазик се зголемува преку културните центри кои се отворени на континентот, овие центри исто така придонесуваат за продлабочување на интеракцијата меѓу културите.
Друг развој, кој е важен во однос на јавната дипломатија, што ја подобрува интеркултурната комуникација меѓу африканските земји и Турција, е зголемувањето на стипендиите за студентите, под името стипендии на Турција по воспоставувањето на Претседателството на Турците и сродните заедници во странство (YTB) во 2010 година.
Со воведувањето на стипендиите на Турција во 2012 година, бројот на африканските студенти кои студираат на високообразовните институции во Турција се зголеми за повеќе од четири пати. Огромното мнозинство од овие студенти доаѓаат од северноафриканските земји со кои Турција има интензивни односи, како што се Сомалија, Судан и Етиопија.
Сепак, значителен број студенти од релативно помалите африкански земји во однос на население, како што се Џибути, Бенин и Гвинеја, студираат на турските универзитети. Стипендиите што им се даваат на африканските студенти треба да се сметаат за важен извор на инвестиција во однос на иднината на односите на Турција со африканските земји. Бидејќи поединците кои имаат бенефит од овие програми за стипендии се враќаат во нивните земји со позитивно мислење за Турција и играат важна улога во односите помеѓу Турција и нивните земји.
Друга институција што се занимава со активности на образовната дипломатија е Фондацијата Маариф на Турција. За кратко време од нејзиното основање во 2016 година, Фондацијата Маариф обезбеди образование за повеќе од 17.000 африкански студенти преку 175 образовни институции во 25 африкански земји. Фондацијата придонесува за меката моќ на Турција со студентите кои зборуваат турски јазик.
Како дополнување на овие организации, Турската фондација за верски прашања (TDV) исто така спроведува стипендии на ниво на универзитет и средно училиште за студентите муслимани од различни африкански земји. ТДВ исто така гради џамии во многу африкански земји, ги обновува оштетените џамии и организира кампањи за помош за оние што имаат потреба во африканските земји, особено за време на религиозните месеци.
Во меѓувреме, меѓународната организација за помош на Турција, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), спроведува развојна помош за африканските земји. ТИКА со турските граѓански организации и други јавни институции иницира проекти на многу полиња, главно во образованието, здравството и земјоделието, и спроведува програми за обука за да одговори на потребата за квалификуваната работна сила во секторите и професиите потребни во африканските земји.
Агенција Анадолија, друга организација што придонесува за потенцијалот на мека моќ на Турција, исто така има отворено издавачки центри или канцеларии во неколку африкански земји. Покрај Агенција Анадолија, каналот на ТРТ Ворлд (TRT World), што започна со емитување во 2015 година, стигнува до речиси цела Африка на англиски јазик благодарение на емитувањето на интернет и на традиционалното телевизиско емитување. Еден од најважните развои во ова поле е започнувањето со емитување на ТРТ-сервисот на јазикот свахили (TRT Swahili) во 2020 година.
Од 2022 година, „Туркиш ерлајнс“ лета до 61 дестинација во 40 земји на африканскиот континент. „Туркиш ерлајнс“, кој започна со летови до 12 дестинации на континентот во 2012 година, ги проширува своите летови, постапувајќи според приоритетите на турската надворешна политика и помагајќи да се зголеми видливоста на Турција во Африка.
Во меѓувреме, прашањата за воената соработка со африканските земји не привлекоа големо влијание сѐ до отворањето на воената обука „TURKSOMOL“ во сомалискиот главен град Могадишу во 2017 година, за обука на сомалиските војници и потпишувањето договор за воена и безбедносна соработка со Воениот меморандум на разбирање на Владата со седиште во либискиот главен град Триполи во 2019 година.
Неодамна, главната причина зошто военото присуство во Африка стана повеќе дискутирано е поради зголемениот извоз на оружје, оклопни копнени оружја и особено беспилотни летала (UAVs) / вооружени беспилотни летала (SIHA) кон африканските земји паралелно со развојот на одбранбената индустрија.
Беспилотните летала произведени во Турција се многу барани од африканските земји и поради тоа што се поевтини од нивниот избор на пазарот и поради тоа што Турција не ја поврзува продажбата на овие оружја со политичките услови и ставови. Во овој поглед, Турција се појави како важна алтернатива на Русија, Франција, Велика Британија и Кина, кои го држат пазарот на оружје на континентот долги години во очите на африканските земји.
Затоа, во процесот на интегрирањето елементи на тврда моќ во елементите на мека моќ, кои беа столбот на африканската политика на Анкара со години, треба да се преземат внимателни активности, особено во однос на продажбата на оружје.
Во спротивно, постои ризик ова прашање да го наруши имиџот на Турција и нејзината проекција на мека моќ, во која се вложуваат значајни инвестиции долги години.
Сепак, други предизвици кои произлегуваат од меѓународната конкуренција на континентот, исто така ја чекаат Турција на среден и долг рок. За борба против овие предизвици, употребата на елементите на мека и тврда моќ заедно ќе биде одлучувачка во односите на Турција и Африка.
* [Мислењата изнесени во овој текст припаѓаат исклучиво на авторот и нужно не ја одразуваат уредувачката политика на Агенција Анадолија]
news_share_descriptionsubscription_contact
