Senita Şeherçehayiç,Aldıjana Hadzıc
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Повеќе од стотина деца без приджужба исчезнаа по остранувањето на јужниот дел на бегалскиот камп во Кале во Франција минатиот месец, тврди британската хуманитарна организација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според пописот во кампот кој го спроведе британската хуманитарна организација "Help Refugees UK", за 129 деца без придружба им се губи трагата откако француските власти го урнаа кампот во Калас познат како "Џунгла"
Како што пренесува британскиот "Independent", со пописот кој го спроведе спомнатата хуманитарна организација дојде до сознание дека откако е урнат дел од кампот во март, во него и понатаму останаа 4.946 бегалци, вклучувајќи 1.400 бегалци во контејнерите кои ги обезбеди француската влада.
Од "Help Refugees UK" изразија "длабока загриженост" поради овие наоди. На Фејсбук профилот на оваа организација по тој повод е објавено: "Ова едноставно не е прифатливо. Ги повикуваме француските власти да воведат систем и веднаш да регистираат и да се загрижат за преостанатите 294 деца без придружба во кампот.
Организацијата предупреди дека во текот на иселувањето на лицата од делот на кампот, француските власти не направиле никакво алтернативно сместување за децата без придружба, како и дека не е воспоставен систем според кој тие би биле надледувани и како би можела да им биде обезбедена грижа.
"Не постои официјален систем на регистрација на децата сместени во Кале или Дункирк", предупредија од хуманитарната организација додавајќи дека за наведените наоди ја известиле британската комесарка за правата на децата Ан Лонгфилс и нејзината фрнацуска колешка Женев Авенард.
Во текстот кој го објави "Independent" се потсетува дека според податоците на Еуропол, повеќе од 10.000 бегалци без придружба исчезнаа на тлото на Европа во последните две години.Хуманитарните работници, како што се наведува, изразија длабока загриженост, поради влошување на безбедносните услови на местата каде што престојуваат бегалците.
Во бегалскиот камп во франсуско Кале се наоѓаат 4.946 бегалци од земјите на Блискиот исток. Од тоа, 4.434 се возразни лица и 514 деца, од што 294 без придружба на родители или старатели.