Анализа на вести

„Решението на кризите во Македонија и во Албанија е резултат на напорна работа"

„Кога говорите за регионот на Западен Балкан, тоа е регион што има европска перспектива, па затоа таму Унијата е силно посветена. Исто е и со БЈР Македонија и со Албанија", изјави Коцијанчиќ

Ivana Ramadanova  | 19.05.2017 - Обновена : 20.05.2017
„Решението на кризите во Македонија и во Албанија е резултат на напорна работа"

Skopje

БРИСЕЛ (AА) - „Не сум сигурна дека може да се нарече чудо, но успехот да ја решиме долготрајната политичка криза во БЈР Македонија и во Албанија е резултат на силна работа и на политичка волја", изјави денес на прес-конференција во Брисел, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, на новинарско прашање: „Дали е чудо што одеднаш се решија силните и длабоки политички кризи во Македонија и во Албанија?“, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Кога говорите за регионот на Западен Балкан, тоа е регион што има европска перспектива, па затоа таму Унијата е силно посветена. Исто е и со БЈР Македонија и со Албанија. Ние реагиравме на развојот на настаните и ќе продолжиме да работиме со тие две земји и со целиот регион. Во однос на ова, високата претставничка Федерика Могерини ги покани премиерите на шест западнобалкански земји на неформална вечера во Брисел, која ќе се одржи на 24. овој месец“, изјави Коцијанчиќ.

Како што јави МИА, Коцијанчиќ уште еднаш истакнала дека за вечерата се испратени покани до актуелните премиери на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора и додаде дека нивните имиња ќе ги објават кога ќе биде блиску одржувањето на овој неформален состанок.

Во однос на случувањата во Албанија, за каде дури и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, го поддржа одржувањето на избори без учество на опозицијата на 18. јуни, Коцијанчиќ одговори дека ЕУ го поддржува договорот меѓу премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша, за одложување на изборите на 25. јуни и со учество на Демократската партија на Баша.

Притоа, таа побара партиите да го почитуваат договореното од „Мекалистер плус“, договорот за излез од кризата, заклучно со одржувањето кредибилни избори на 25. следниот месец.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.