Екс-премиерката на Нов Зеланд: Постои пат да се спречи „геноцидот што сè уште се случува секојдневно пред нас“ во Газа
- Секоја соработка што овозможува воена акција мора да заврши, а хуманитарната помош треба итно да стигне до заробените и гладните, вели Џасинда Ардерн

ИСТАНБУЛ (АА) – Поранешна премиерка на Нов Зеланд изјави дека постои „пат кон запирање на геноцидот што сè уште се случува секојдневно пред нас“ во Појасот Газа, известува Анадолу.
Џасинда Ардерн, во текст објавен во „Гардијан“ вчера, наведе дека патот вклучува повеќе земји што ја признаваат Палестина.
„Секоја соработка што овозможува воена акција мора да заврши. Хуманитарната помош треба итно да стигне до заробените и гладните, а медицинската грижа мора да биде достапна за повредените, неисханетите и за бремените и новите мајки“, напиша Ардерн.
Таа нагласи дека додека светските лидери се собираат во Њујорк за 80-то Генерално собрание на ОН следната недела, „мора да продолжиме да ги повикуваме оние што се на власт да одговорат на овие хуманитарни кризи, почнувајќи од конфликтот во Украина до природните катастрофи предизвикани од климатската криза“.
- Ардерн: „Треба да почнеме со Газа“
„Можеби живееме во свет погоден од хуманитарни кризи, но мора да се спротивставиме на дехуманизацијата на бројките“, истакна Ардерн.
Во текот на повеќе од четири години како премиер, Ардерн доби признанија за нејзиното справување со епидемијата на КОВИД, пред да ја напушти функцијата во 2023 година.
Од 7 октомври 2023 година, Израел извршува геноцид во Газа, убивајќи повеќе од 65.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Израелските напади раселија стотици илјади луѓе и предизвика глад што одзеде животи на најмалку 435 луѓе, од кои 147 се деца.