Турција: Фламингата почнаа да доаѓаат во својот дом - Соленото Езеро, рајот на птиците
- Откако времето почна да се затоплува, секоја година десетици илјади фламинга доаѓаат покрај Соленото Езеро, што се наоѓа на важната рута за миграции. Езерото нуди уникатни можности за хранење, инкубација и развој на фламингата.

АКСАРАЈ
- Зекерија КАРАДАВУТ
Фламингата почнаа да пристигнуваат покрај Соленото Езеро, Туз, во Турција, најголемата колонија за нивно природно размножување во светот, пишува Агенција Анадолија (АА).
Откако времето почна да се затоплува, секоја година десетици илјади фламинга доаѓаат покрај Соленото Езеро, што се наоѓа на важната рута за миграции. Езерото нуди уникатни можности за хранење, инкубација и развој на фламингата.
Се очекува во поголем број фламинга да се вратат покрај Соленото Езеро, откако во септември и октомври се преселија во потоплите региони.
- „Доаѓаат покрај Соленото Езеро да се размножуваат“
Проф. д-р Мустафа Џемал Дарилмаз, декан на Факултетот за ветерина при Универзитетот „Аксарај“, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека секоја година областа Аксарај е домаќин на една од најголемите колонии на фламинга.
Раскажувајќи дека има 6 различни видови фламинга, проф. Дарилмаз рече:
„Најголемиот и најчестиот од овие 6 вида е познат како големиот фламинго. И видот што го вдомуваме во нашата земја се големите фламинга. Нивната бројка во светот е меѓу 500-600 илјади.
Фламингата можат да се забележат во Турција, Северна Африка, Индија и јужните делови на Европа. Заедно со затоплувањето на времето, Соленото Езеро станува дом на фламингата. Тие живеат заедно во колонии и не се карактеризираат со живот како единка. Соленото Езеро е домаќин на колонијата фламинга и е место за нивна исхрана и размножување. Фламингата одат во разни делови од Турција за да се хранат, но доаѓаат во Соленото Езеро за да се размножуваат. Фламингата кои почнуваат да пристигнуваат со почетокот на месец април, положуваат по едно јајце. Ова јајце се изведува по околу 30 дена. Откако ќе се изведе, на младенчето му е потребна грижа од родителите во наредните 2,5 месеци. По тој период, фламингата додека вежбаат летање, во периодите септември и октомври заминуваат во потоплите региони.“
- „Забележано е дека бројот на фламингата е зголемен“
Проф. Дарилмаз изјави дека епидемијата на новиот вид коронавирус што го зафати светот позитивно влијание на животот на фламингата, поради намалената актиност на луѓето.
Посочувајќи дека намалувањето на активностите на луѓето и нивното затворање во куќите позитивно се одразило на бројот на фламинга, проф. Дарилмаз истакна: „Во спроведените студии е забележано дека бројот на фламингата е зголемен. Овој позитивен одраз на зголемувањето на бројките најверојатно ќе се рефлектира врз бројката на фламинга во Соленото Езеро. Зголемувањето на оваа бројка може да предизвика одредени хендикепи на краток рок. Се надеваме дека нема да има проблеми во пристапот до храна поради слабите врнежи од дожд.“