Турција: Во првите четири месеци од 2021 година Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ го користеле 5,5 милиони патници
На аеродромот во првите четири месеци од оваа година биле реализирани 41.785 домашни и меѓународни летови. Во првите четири месеци од минатата година реализирани се 46.775 летови, односно 11 отсто повеќе

ИСТАНБУЛ (АА) - Од јануари до април годинава, Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, Турција, го користеле 5.549.068 патници, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на операторoт на аеродромот се наведува дека бројот на патници во првите четири месеци од оваа година е за 21 отсто помал во однос на истиот период минатата година. Минатата година, од јануари до април, аеродромските услуги ги користеле близу 7 милиони патници.
На аеродромот во првите четири месеци од оваа година биле реализирани 41.785 домашни и меѓународни летови. Во првите четири месеци од минатата година реализирани се 46.775 летови, односно 11 отсто повеќе.
На летовите во границите на земјата во периодот од јануари до април опслужени се 3,9 милиони патници. Бројот на патници на овие летови е за 9 отсто помал во однос на минатата година.
Во првите четири месеци од оваа година на меѓународните летови опслужени се 1,6 милиони патници. Кога станува збор за меѓународните летови, опслужени се 40 отсто помал број на патници во споредба со минатата година.
Во април услугите на Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ ги користеле 1,3 милиони патници.