Турција

Турција: Во полициски акции од слобода лишени 106 лица осомничени за поврзаност со ФЕТО

- Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО во 34 турски градови, вклучувајќи го и Истанбул, фатени се 106 од 132 осомничени лица

Halil Demir   | 16.09.2020
Турција: Во полициски акции од слобода лишени 106 лица осомничени за поврзаност со ФЕТО

ИСТАНБУЛ

Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО во 34 турски градови, вклучувајќи го и Истанбул, фатени се 106 од 132 осомничени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кабинетот на Обвинителството во Истанбул издаде налог за приведување на вкупно 132 осомничени лица, вклучувајќи 82 активни војници во турските безбедносни сили.

Единиците за борба против тероризмот спроведоа акција во која се фатени 106 од 132 осомничени лица. Акциите за пронаоѓање и на преостанатите 26 осомничени лица продолжуваат.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın