Турција

Турската ескадрила за полнење гориво ја зајакнува воздушната моќ на НАТО со операции на голема надморска височина

- Анадолу ја следеше целата постапка на една мисија – од подготовката пред летот до дотурањето гориво во воздух над турскиот воздушен простор

Aida Cako  | 27.06.2025 - Обновена : 27.06.2025
Турската ескадрила за полнење гориво ја зајакнува воздушната моќ на НАТО со операции на голема надморска височина

СКОПЈЕ (АА) - Ескадрилата за воздушно дотурање на гориво – 101-ва Ескадрила, од 10-тата главна база на борбени авиони во Инџирлик, Турција, игра клучна улога во поддршката на мисиите на Турското воено воздухопловство преку операциите за дотурање гориво во воздух на височина од 8.000 метри и брзина до 950 километри на час, јавува Анадолу.

Позната е како „Ескадрила асеналар“, единица управува со авионите „КЦ-135Е Стратотанкер“ способни да ги полнат со гориво борбените авиони „Ф-16“ и „Ф-4E/2020 Фантом“ за време на лет, значително продолжувајќи го нивниот дострел и траење на мисијата.

Анадолу ја следеше целата постапка на една мисија – од подготовката пред летот до дотурањето гориво во воздух над турскиот воздушен простор.

Пред полетувањето, членовите на екипажот одржаа детален брифинг за мисијата. По техничката проверка, танкерот полета и се сретна со авионите над југоисточната провинција Дијарбакир.

На височина од 6.000 метри и со крстосувачка брзина од 650 километри на час, танкерот изврши неколку дотурања на гориво преку системот „бум“ – телескопска цевка што се ракува рачно од страна на специјализиран оператор. Секој пренос на гориво траеше неколку минути и бараше исклучителна прецизност и координација меѓу леталата.

Во текот на четиричасовната мисија, екипажот пренесе гориво на неколку борбени авиони пред безбедно да се врати во базата.

Оваа ескадрила ги поддржува прекуграничните воени операции и соработува со 401-та Ескадрила за тестирање летови. Некои мисии покриваат илјадници километри и вклучуваат пренос на до 100 тони гориво.

Турција е меѓу малубројните земји што управуваат со „KЦ-135Р Стратотанкер“ – една од највредните платформи за воздушно дотурање гориво во светот.

Неговите способности ѝ овозможуваат на турската Армија проширена оперативна моќ и придонесуваат за зајакнување на воздушните капацитети на НАТО.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın