Турција

Туркије: Покривите на куќите во руралните предели на Дијарбaкир претворени во игралишта

На покривите се исцртани спортски терени, а децата уживаа во можноста да играат

Bestami Bodruk  | 18.01.2025 - Обновена : 20.01.2025
Туркије: Покривите на куќите во руралните предели на Дијарбaкир претворени во игралишта

ДИЈАРБАКИР (АА) - Земјените покриви на старите камени рурални куќи во турската област Дијарбaкир се претворени во детски игралишта, известува Анадолу.

Станува збор за проектот „Детски игри - од традиција до иднина“ што започна да ја спроведува обласната управа за национално образование.

Како дел од проектот, наставниците по физичко воспитание ги посетуваат руралните средини и се дружат со децата.

Покривите се претворени во спортски терени, а многубројните реквизити им овозможуваат на децата полесно да уживаат во игрите и спортските активности како одбојка, пикадо, бадминтон и друго.

Меѓу главните цели на проектот е да се обезбедат еднакви можности за децата и во урбаните центри и во руралните средини. Освен тоа, целта е и да се намалат негативните ефекти од зависноста кај децата од електронски уреди.

Областа Дијарбакир се наоѓа во југоисточниот дел на Туркије.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın