Турција

Туркије и Кувајт потпишаа 6 договори за соработка

- Церемонијата за потпишување на договорите е одржана по состанокот на лидерите од двете земји на ниво на делегации во претседателскиот комплекс во Анкара, главниот град на Туркије

Esra Tekin  | 08.05.2024 - Обновена : 09.05.2024
Туркије и Кувајт потпишаа 6 договори за соработка Фото: Мустафа Камаџи

АНКАРА (АА) - Туркије и Кувајт вчера потпишаа шест договори за соработка во присуство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и кувајтскиот емир Мишал ал-Ахмад ал Џабер ал-Сабах во Анкара, известува Анадолу.

Церемонијата за потпишување на договорите е одржана по состанокот на лидерите од двете земји на ниво на делегации во претседателскиот комплекс во Анкара, главниот град на Туркије.

Кувајтскиот лидер претходно во текот на денот пристигна во официјална посета на Туркије, каде со најголеми почести беше пречекан од претседателот на Туркије.

Туркије и Кувајт потпишаа договори за соработка во полето на промоција на инвестиции, слободни зони, грижа за домување и инфраструктура, управување со катастрофи и вонредни ситуации, воспоставување заеднички стратешки дијалог и имплементација на меѓудржавните договори во одбранбената индустрија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın