Турција

Силен земјотрес ја погоди северозападна Туркије, повредени 68 лица

„Лекувањето на 26 лица од повредените продолжува во болниците, тие немаат никакви сериозни проблеми“, соопшти турскиот министер за здравство

Zehra Nur Düz, Burak Dağ, Seda Sevencan  | 23.11.2022 - Обновена : 24.11.2022
Силен земјотрес ја погоди северозападна Туркије, повредени 68 лица

АНКАРА (АА) - Силен земјотрес ја погоди северозападната турска област Дузџе рано утринава, при што се повредени 68 лица, од кои едно е во критична состојба, соопшти турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Лекувањето на 26 лица од повредените продолжува во болниците, тие немаат никакви сериозни проблеми“, изјави Коџа за новинарите во главниот град Анкара.

Тој рече дека 28-годишен авганистански државјанин доживеал церебрална хеморагија откако паднал од првиот кат за време на земјотресот, моментално е во тешка состојба и е приклучен на респиратор.

Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала со епицентар во областа Гољака го погодил Дузџе во 4:08 часот.

Земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километар.

Земјотресот е почувствуван во Истанбул и во северозападниот дел на Болу, Сакарија, Коџаели, Бурса, Билеџик и во западните области Измир и Кутахија, како и во главниот град Анкара.

„По земјотресот, регистрирани се 101 последователен потрес. Прекини на струја се воведуваат во регионот како мерка на претпазливост“, соопшти АФАД.

Гувернерот на Дузџе, Џевдет Атај, најави дека училиштата денеска ќе бидат затворени поради земјотресот.

Во 1999 година, Дузџе го погоди силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, кој траеше 30 секунди, во кој загинаа 710 луѓе, а 2.679 беа повредени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın