Турција

Разговор Ердоган - Мерц: Израелските напади би можеле да предизвикаат миграции и нуклеарни ризици

Во телефонски разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Ердоган рече дека нуклеарните спорови со Иран треба да се решат преку преговори...

Esra Tekin  | 20.06.2025 - Обновена : 21.06.2025
Разговор Ердоган - Мерц: Израелските напади би можеле да предизвикаат миграции и нуклеарни ризици

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека спиралата на насилство предизвикана од нападите на Израел може да им нанесе штета на регионот и на Европа во однос на миграцијата и нуклеарни ризици, јавува Анадолу.

Во телефонски разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Ердоган рече дека нуклеарните спорови со Иран треба да се решат преку преговори и предупреди дека нападот на Израел сериозно ги зголемил заканите по регионалната безбедност, објави Директоратот за комуникации при турското Претседателство.

Двајцата лидери разговарале и за билатералните односи, како и за регионалните прашања, се додава во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.