Започнува одбројувањето до почетокот на големиот технолошки настан „Текнофест“ во Турција
Шестдневниот настан ќе биде домаќин на аерошоуа со воени авиони, беспилотни летала и хеликоптери; семинари, самити, натпревари и саеми.

ИСТАНБУЛ (АА) - Најголемиот фестивал за аеровселена и технологија „Текнофест“ во Турција ќе започне во Истанбул следната недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шестдневниот настан, што почнува следниот вторник на аеродромот „Ататурк“, ќе биде домаќин на аерошоуа со воени авиони, беспилотни летала и хеликоптери; семинари, самити, натпревари и саеми.
Оваа година на фестивалот ќе се одржат и натпревари од областа на технологијата во десетици различни категории, како што се паметниот транспорт, дизајн на хеликоптери, биотехнологија, роботика, летечки автомобили, ракети и беспилотни подводни системи.
Текнофест, организиран од Фондацијата Турски технолошки тим (Фондација Т3) и турското Министерство за индустрија и технологија, се одржува во различни турски градови во парните години, додека во метрополата Истанбул во непарните години.
Минатата година, настанот беше организиран виртуелно во јужната турска област Газиантеп поради постоечките мерки против коронавирусот.
Во 2019 година, Технофестот во Истанбул го посетија околу 1,72 милиони луѓе.
Агенција Анадолија е глобален комуникациски партнер на настанот од 2018 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.