Турција

Ердоган со порака по повод 8 Март: „Жените се надежта на човештвото“

„Го честитам 8 Март, Меѓународниот ден на жената, на сите жени кои со својата љубов, залагање и одрекување претставуваат надеж за човештвото.“

Andaç Hongur  | 08.03.2021 - Обновена : 08.03.2021
Ердоган со порака по повод 8 Март: „Жените се надежта на човештвото“

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати пригодна честитка по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган во честитката објавена на социјалните мрежи порача дека жените се надежта на човештвото.

„Го честитам 8 Март, Меѓународниот ден на жената, на сите жени кои со својата љубов, залагање и одрекување претставуваат надеж за човештвото. Ќе продолжиме со голема решителност и внимание со нашата борба со цел создавање на опкружување во кое нашите жени нема да бидат изложени на насилство“, наведе Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.