Турција

Ердоган: „Туркије се соочува со една од најголемите катастрофи во својата историја“

Турскиот претседател соопшти дека најмалку 18.991 лице го загубиле животот, а 75.523 се повредени од двата земјотреси, со епицентар во Кахраманмараш

Diyar Güldoğan  | 10.02.2023 - Обновена : 11.02.2023
Ердоган: „Туркије се соочува со една од најголемите катастрофи во својата историја“

АДИЈАМАН (АА) - Историјата на Туркије е искушена со една од најголемите катастрофи, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

„Како земја, се соочуваме со една од најголемите катастрофи во нашата историја“, рече Ердоган при посетата на операциите за пребарување и спасување во Адијаман, една од погодените области, каде што разговараше со лица кои ги преживеаја земјотресите.

Тој додаде дека уништувања од сериозни размери се предизвикани во 10 турски области.

Турскиот претседател соопшти дека најмалку 18.991 лице го загубиле животот, а 75.523 се повредени од двата земјотреси, со епицентар во Кахраманмараш.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во турската јужна област Кахраманмараш, погодија 10 турски области - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа - каде што живеат над 13 милиони луѓе.

Ердоган се заложи дека погодените региони во земјотресот ќе се обноват во рамките на едногодишен план.

„Ќе обезбедиме нашите граѓани кои не сакаат да останат во шаторите да можат да се преселат во станови и ќе им ја плаќаме киријата за таа една година“, рече тој.

Ердоган им се заблагодари на сите земји кои испратија и понудија помош на Туркије по разорните земјотреси и порача:

„Ве молам, немојте да собирате помош и да тргате на пат без да ги контактирате Црвената полумесечина, АФАД или други институции кои организираат помош во регионот.“

Исто така, Ердоган ги повика граѓаните да не ги слушаат оние кои ги злоупотребуваат единството и солидарноста во вакви времиња.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın