Турција

Акар: „Резолуцијата на францускиот Сенат уште еднаш покажа дека Франција не е дел од решението, туку дел од проблемот“

„Резолуцијата донесена од страна на францускиот Сенат е јасен показател зошто прашањето за Карабах не е решено веќе 30 години. Како копретседател на Групата од Минск при ОБСЕ, Франција треба да биде непристрасна“

Sarp Özer   | 26.11.2020
Акар: „Резолуцијата на францускиот Сенат уште еднаш покажа дека Франција не е дел од решението, туку дел од проблемот“

АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, во врска со таканаречената Резолуција на францускиот Сенат со која се признава Нагорно Карабах како република, истакна дека оваа резолуција уште еднаш покажа дека Франција не е дел од решението, туку дека е дел од проблемот во врска со Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).

Акар во изјава за АА се осврна на различни прашања.

Турскиот министер се осврна и на таканаречената Резолуција на францускиот Сенат со која се признава Нагорно Карабах како република.

„Резолуцијата донесена од страна на францускиот Сенат е јасен показател зошто прашањето за Карабах не е решено веќе 30 години. Како копретседател на Групата од Минск при ОБСЕ, Франција треба да биде непристрасна. Оваа резолуција покажува дека тоа не е така и уште еднаш покажа дека Франција не е дел од решението, туку дел од проблемот во врска со Карабах“, рече Акар.

Што се однесува до договорот постигнат меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Авганистан за управување на цивилните сектори во главните аеродроми „Хамид Карзаи“ во Авганистан, Акар рече:

„Сигурно дека ја почитуваме оваа одлука на Авганистан како една суверена држава. Може да донесе каква било одлука. Но, кога ќе се земе предвид непријателскиот став на ОАЕ кон Турција, сметаме дека оваа одлука повторно треба да се разгледа од правен и оперативен аспект бидејќи ние сме одговорни за управување со воениот дел на аеродромот во Кабул.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın