спорт

Турција: Суспендирана лиценцата на фудбалерот Даниел Аврамовски

- Хес Кабло Кајсериспор, клуб од турската фудбалска Супер лига, ја суспендира лиценцата на Даниел Аврамовски

Sercan Küçükşahin   | 08.10.2020
Турција: Суспендирана лиценцата на фудбалерот Даниел Аврамовски

КАЈСЕРИ

Клубот од турската фудбалска Супер лига, Хес Кабло Кајсериспор, ја суспендира лиценцата на Даниел Аврамовски, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата ја потврдија претставници на клубот Кајсериспор.

Се вели дека е суспендирана лиценцата на 25-годишниот македонски фудбалер Аврамовски кој во почетокот на годината беше трансфериран од Вардар.

Аврамовски во првите четири недели на оваа сезона не беше вклучен во составот поради неговата повреда.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.