спорт

Тренерот на Реал Мадрид, Зидан, позитивен на Ковид-19

Наместо Зидан, утрешниот меч против Алавес ќе го предводи вториот тренер Давид Бетони

Şenhan Bolelli   | 22.01.2021
Тренерот на Реал Мадрид, Зидан, позитивен на Ковид-19

МАДРИД (АА) - Тренерот на шпанскиот фудбалски клуб, Зинедин Зидан, е позитивен на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди клубот Реал Мадрид.

Во соопштението се вели дека Зидан е дијагностициран позитивен на овој вирус.

Меѓу другото, шпанските медиуми нагласија дека наместо Зидан, утрешниот меч против Алавес ќе го предводи вториот тренер Давид Бетони.

Според протоколите, откако ќе бидат извршени други тестови, ќе се открие колку дена Зидан ќе остане во карантин.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın