спорт

Токио: Подготовки Олимписките игри да се организираат со почитување на мерките против Ковид-19

Потенцирајќи ја важноста на мерките преземени против епидемијата, Ендо рече: „Ако ја земеме предвид ситуацијата во Јапонија и преземените мерки, се подготвуваме дека сигурно ќе се одржат, во таа насока и размислуваме.“

Ahmet Furkan Mercan   | 03.05.2021
Токио: Подготовки Олимписките игри да се организираат со почитување на мерките против Ковид-19

ТОКИО

Ендо Тошиаки, потпретседател на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, истакна дека и покрај зголемените случаи со Ковид-19 во земјата, турнирот ќе се одржи во согласност со мерките преземени против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

За време на викендот во изјавата за една национална телевизија, Ендо, посочувајќи ја можноста за натамошно зголемување на случаите, рече: „Не е невозможно да донесеме одлука турнирот да не се организира ако вирусот биде широко распространет во општеството.“

Потенцирајќи ја важноста на мерките преземени против епидемијата, Ендо рече: „Ако ја земеме предвид ситуацијата во Јапонија и преземените мерки, се подготвуваме дека сигурно ќе се одржат, во таа насока и размислуваме.“

Ендо исто така наведе дека експертите во рамките на Комитетот подготвиле конкретни планови за безбедно организирање на игрите.

На прашањето за можноста за откажување на Олимписките игри и времето на одлуката за откажување, Ендо додаде: „Тоа не го земаме предвид.“

„Полесно е да се организираме целосно без гледачи. Сепак, ќе одлучиме според бројот на гледачи што се дозволени на професионалните бејзбол и фудбалски натпревари. Во зависност од ситуацијата, одлуката може да се донесе во мај“, нагласи Ендо.

Олимписките игри, што претходно беа планирани да се одржат во периодот 24 јули - 9 август 2020 година и беа одложени поради епидемијата, ќе се одржат во периодот 23 јули - 8 август 2021 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın