Таткото на ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, избоден со нож во Шпанија
Насрауи (36) е пренесен во болницата „Кан Рути“ во Бадалона, на околу 9 километри од Барселона, и е во тешка состојба, но наводно неговиот живот не е во опасност

ИСТАНБУЛ (АА) - Мунир Насрауи, таткото на ѕвездата на Барселона и шпански крилен играч Ламин Јамал, е избоден повеќе пати во напад со нож, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Прободувањето се случило синоќа на паркинг во градот Матаро, околу 32 километри источно од центарот на Барселона, јави шпанскиот дневен весник Ла Вангардија.
Насрауи (36) е пренесен во болницата „Кан Рути“ во Бадалона, на околу 9 километри од Барселона, и е во тешка состојба, но наводно неговиот живот не е во опасност.
17-годишниот Јамал беше дел од селекцијата за ЕВРО 2024 која ја освои титулата во Берлин минатиот месец.
Тој, исто така, стана најмладиот машки фудбалер кој некогаш играл во финале на голем турнир, соборувајќи го претходниот рекорд што го држеше бразилската легенда Пеле.