Мурињо: Доколку Јунајтед ми понуди нов договор, ќе го потпишам
Мурињо дојде на клупата „црвени ѓаволи”, а по 17 одиграни кола во Премиер лигата, Јунајтед го зазеде шестото место

Manchester
МАНЧЕСТЕР (АА) - Иако е практично на почетокот од својот тригодишен договор со Манчестер Јунајтед, португалскиот тренер уште сега изрази желба да остане подолго на „Олд Трафорд“, јавува Anadolu Agency (AA).
Мурињо дојде на клупата „црвени ѓаволи”, а по 17 одиграни кола во Премиер лигата, Јунајтед го зазеде шестото место. Но, сѐ уште не е елиминиран ниту од еден натпревар во Лигата на Европа, ФА купот и во Лига купот.
„Знам дека ако еден ден ми донесат нов договор, ќе го потпишам“, јасно изјави Мурињо за британските медиуми.
Португалецот нагласи и дека огромните суми што ги нудат кинеските клубови се интересни на секого, но дека тој нема да оди таму.
„Сакам да останам на место каде што е најтешко да се победува. Секако, кинеските пари се привлечни за секого, но повеќе го сакам мојот фудбал на највисоко ниво“, изјави Мурињо.
Тој беше сосема искрен, па додаде дека од доаѓањето во Манчестер досега на одредени играчи не им дал доволно шанси за игра, и дека е среќен доколку во јануари успее да го задржи целиот тим заедно.
„Сѐ уште имам некое лошо чувство кон себе, бидејќи не дадов вистински шанса за сите. Да бидам искрен, луѓето како Ешли Јанг и Мемфис Депај не добија доволно натпревари за да играат“, заклучи Мурињо.
Манчестер Јунајтед в понеделник, на 26 декември го дочекува Сандерленд во 18. коло на Премиер лигата. Моментално е шести на табелата со 30 поени, дури 13 помалку од лидерот Челзи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.