спорт

Летните олимписки игри во 2032 година ќе се одржат во Бризбејн, Австралија

Австралија по трет пат ќе биде домаќин на Олимпијадата

Doğa Kırmızıoğlu  | 21.07.2021 - Обновена : 23.07.2021
Летните олимписки игри во 2032 година ќе се одржат во Бризбејн, Австралија

Ankara

АНКАРА (АА) - Летните олимписки и Параолимписки игри во 2032 година ќе се одржат во Бризбејн, Австралија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Меѓународниот олимписки комитет се наведува дека со едногласна одлука донесена по состанокот на бордот, Олимписките и Параолимписките игри во 2032 година ќе се одржат во Бризбејн, Австралија.

По Мелбурн во 1956 година и Сиднеј во 2000 година, Австралија по трет пат ќе биде домаќин на Олимпијадата.

Олимпијадата во 2024 година ќе се одржи во Париз, Франција, а Олимпијадата 2028 година во Лос Анџелес, САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.