спорт

Квалификации за ФИФА 2022: Англија петпати ја затресе мрежата на Сан Марино, Северна Македонија загуби од Романија

Синоќа се одигра првото коло од европските квалификации во групите Б, Ц, Ф, И и Ј за учество на 22. Светско фудбалско првенство што ќе се одржи во Катар 2022 година

Hüseyin Burak Demirer  | 26.03.2021 - Обновена : 26.03.2021
Квалификации за ФИФА 2022: Англија петпати ја затресе мрежата на Сан Марино, Северна Македонија загуби од Романија Фото: Alex Nicodim/АА

АНКАРА (АА) - Со синоќа одиграните средби заврши првото коло од европските квалификации за учество на Светското фудбалско првенство ФИФА 2022, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одигра првото коло од европските квалификации во групите Б, Ц, Ф, И и Ј за учество на 22. Светско фудбалско првенство што ќе се одржи во Катар 2022 година.

Во групата Б Шведска на домашен терен ја пречека Грузија. Домаќините извојуваа победа од 1:0 со голот на Класон во 35. минута од натпреварот.

За репрезентација на Шведска настапи и 39-годишниот центарфор Златан Ибрахимовиќ, кој по Европското првенство во 2016 година го остави репрезентативниот дрес. Ибрахимовиќ, кој го започна натпреварот меѓу првите 11-мина, на теренот мина 84 минути.

Во групата Ц Италија со 2:0 ја совлада Северна Ирска. Италија поведе со 1:0 со голот на Берарди во 14. минута, а конечните 2:0 ги постави Имобиле во 39. минута.

Во групата И Унгарија на домашен терен ја пречека Полска. Натпреварот заврши без победник, 3:3. Во истата група Англија му беше домаќин на Сан Марино. Англија убедливо го совлада гостинот со 5:0.

Второто коло од европските квалификации за Светското првенство ФИФА 2022 ќе се игра на 27 и 28 март.

Резултати од средбите што се одиграа синоќа:

Група Б

Шпанија - Грција 1:1

Шведска - Грузија 1:0

Група Ц

Бугарија - Швајцарија 1:3

Италија - Северна Ирска 2:0

Група Ф

Израел - Данска 0:2

Молдавија - Фарски Острови 1:1

Шкотска - Австрија 2:2

Група И

Унгарија - Полска 3:3

Англија - Сан Марино 5:0

Андора - Албанија 0:1

Група Ј

Романија - Северна Македонија 3:2

Лихтенштајн - Ерменија 0:1

Германија - Исланд 3:0




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.